МКФ СО ДЕТАЛИ ЗА ВТОРОТО, СПОРЕД КВАЛИТЕТ, НАТПРЕВАРУВАЊЕ

РЕВОЛУЦИЈА: Втората лига со рекордни 24 екипи!

Ќе бидат поделени географски,на источна односно западна конференција. Натпреварувањето започнува на 13. октомври.

објавено: 9 октомври 2018 - 15:40

Една седмица по стартот на Првата лига, и официјално ќе почнат и натпреварите во втората, она помалку квалитетната, од која ќе се бараат новите прволигаши.

Ќе биде, би се рекло, револуционерна, особено ако се земе в предвид големата промена во системот за натпреварување во оваа конкуренција.
Затоа што МКФ одлучи да ја укине третата, па сите заинтересирани кошаркарски субјекти, оние сениорски, може(а) да испратат пријави за настап во посилната конкуренција.
И тоа прво во историјата, со вкупно 24. екипи, кои токму поради бројноста, се поделени во две натпреварувачки групи, Запад и Исток.

Во западната конференција ќе членуваат 12. екипи: Спортисимо, Тетекс, Партизан Мулти Шпед, ТНТ, Работнички, Хераклеа, Чаир 2030, Црн Дрим, Феникс 2001, Ангели, Гостивар, Спорт тим.
Во онаа Источната пак свои пријави испратија и добија играчки лиценци: ТФТ, Куманово, Баскет Дино, Спарта, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи 2000, Крива Паланка, Баскет КАМ, Борец баскет, Милановски, Лирија 77 и Струмица.
Согласно со системот за натпреварување, ќе се играат по 22. кола во онаа прва фаза по која првопласираните четири од двете групи ќе формираат посебна лига во која ќе влезат осум екипи кои ќе се борат за местата кои водат во Првата лига за наредната натпреварувачка сезона.
Втората лига стартува на 13. октомври.


ДВОЈКИ ПРВО КОЛО

ЗАПАД
Спортисимо – Тетекс
Партизан Мулти Шпед – ТНТ
Работнички – Хераклеа
Чаир 2030 - Црн Дрим
Феникс 2001 – Ангели
Гостивар - Спорт тим

ИСТОК
ТФТ – Куманово
Баскет Дино – Спарта
МЗТ Скопје А. - К. Соколи 2000
Крива Паланка - Баскет КАМ
Борец баскет – Милановски
Лирија 77 - Струмица.

 

Најново во Кошарка