ФЕНИ ИНДУСТРИ НЕ ВИДЕ МАКА ПРОТИВ ВАРДАР

Роденденски подарок за Јане Петровски во Скопје

Фени Индустри ја забележа деветата победа во низа, откако го совлада Вардар со 80-70 во рамките на 15. коло во Првата лига. 

објавено: 9 февруари 2019 - 18:53

Фени Индустри дојде до уште една лесна победа во Првата лига, на гостувањето кај Вардар ја оправда фаворитската улога славеше со 70-80 (18-25, 14-21, 19-22, 19-12) во рамките на 15. коло.

Кавадарчани дилемите ги решија пред крајот на првата четвртина, направија серија од 8-0 и поведоа со 18-25, а потоа во 17. минута го запишаа првото двоцифрено водство 29-39. До крајот им остана полесната задача, да ја одбранат позитивата. На другата страна „црвено-црните“ не се откажаа, во последниот период не им дозволија на гостите да си заминат со убедлив триумф.

Кавадарчани победата ја посветија на капитенот Јане Петровски, кој денеска го прославува 34. роденден. Петровски мечот го заврши со 12 поени, сите од линијата за три поени. 

Пајиќ со 19 и Марковски со 17 поени беа први стрелеци кај Фени, во редовите на Вардар, Дино Радош имаше 17 поени. 

Најново во Кошарка