СПИСОКОТ НА КАНДИДАТИ СЕ ЗГОЛЕМУВА

СЕ ОТВОРИ ПАЗАРОТ: Давитков се враќа во Македонија, МЗТ бара тренер!

МЗТ Скопје во моментов има неколку опции за решение на тренерското место на кое веќе нема да биде Александар Тодоров. Покрај Саша Димитријевиќ, во игра влегува и селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков. 

објавено: 7 декември 2017 - 11:30

МЗТ Скопје во моментов има неколку опции за решение на тренерското место на кое веќе нема да биде Александар Тодоров. Покрај Саша Димитријевиќ, во игра влегува и селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков. 

Предводникот на нашиот најдобар национален тим до утринава воопшто не беше активен на пазарот, се додека не својот официјален „Фејсбук“ профил не соопшти дека добил отказ од  Банијас, откако управата на клубот од Абу Даби, реши да му го раскине договорот затоа што ја водел македонската репрезентација во ноемврискиот квалификациски циклус.

Ова значи дека се враќа во Македонија и да биде еден од кандидатите за клупата на МЗТ Скопје. Давитков цели девет години нема водено македонски тим, последен пат беше тренер на Струмица во 2008 година. По што замина за исладнски Снефел каде имаше кратка авантура, по што беше дел од тимот на Ал Кадсија, а ги предводеше и екипите на Ал Јахра, Ал Васл и Ал Шаб. 

Не треба да се заборави дека Давитков не е добредојден барем кај фановите на македонскиот шампион, бидејќи секогаш бил дел од Работнички. 

И додека шпекулациите и натаму се зголемуваат околу замената на Тодоров, од МЗТ Скопје нема ништо официјално. 

 

 

Најново во Кошарка