ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ ВО МЛАДИНСКИТЕ ЛИГИ

Се укинува „младинската", се активираат други лиги?

На сметка на тоа што нема да се игра М-20 лигата, предлогот за новиот систем на натпреварување во младинските лиги вклучува можност за пријава на екипи на сите возрасни категории.

објавено: 24 јуни 2018 - 14:35

Најавените промени во системот за натпреварување во втората односно третата лига, условуваат да се направи истото и во оние младинските.

Иако сеуште во „работна фаза", предлогот од МКФ кој ќе оди на изјаснување пред Собранието на федерацијата (кое најверојатно ќе биде дописно), е да има промени и во оние младински лиги.
Со оглед на тоа дека ќе има своевидно ограничување на возраста во втората односно третата лига, од федерацијата сметаат дека во овој момент М-20 лигата треба да биде укината.
Мотив плус за еден такво предлог е фактот дека ланската сезона 2017/2018, „младинската" ја завршија само пет клуба, а четири од нив се појавија на завршниот турнир.
Наспроти тоа стои еден доста интересен предлог, за кој вреди да се дискутира.

А вели дека во наредната сезона, би се формирале лиги во сите возрасни категории.
Односно дека би се стартувало со М-18 лигата како носител на оние јуниорски активности, но потоа, би се формирале и лигите во М-17, М-16, М-15, М-14 возрасни категории, што е голем новитет во функционирањето на младинските лиги на МКФ.
Секако, претходно треба да се одредат и определени услови, односно дали постојат сите оние технички содржини (пред се доволен број на судии, односно официјални лица, кои би ги покриле сите овие, евидентно, зголемени активности во младинската конкуренција.
Секако, последен збор за тоа ќе го имаат повисоките инстанци во федерацијата, а конечната одлука ќе ја даде Собранието на МКФ, на кое е најавена промена во Регистрацискиот правилник, односно оној дел поврзан со регистрација на странски кошаркари.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка