ЛОША ВЕСТ ЗА ФАНОВИТЕ НА СКОПСКИТЕ ЕКИПИ

СЕХА го блокира дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје

Завршницата во регионалното натпреварување викендов е во преден план. Токму поради финалниот меч кој е закажан во недела, засега виси ТВ-преносот од градското дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, кој се игра исто на 15 април.  

објавено: 13 април 2018 - 12:42

Завршницата во регионалното натпреварување викендов е во преден план. Токму поради финалниот меч кој е закажан во недела, засега виси ТВ-преносот од градското дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, кој се игра исто на 15 април.

Според распоредот истиот ден во СЦ „Јане Сандански“ прво се игра мечот за трето место, кој почнува во 17:45 часот, а потоа следи борбата за пехарот, кој е закажана за 20:15 часот. Ова значи дека нема слободно место за дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје, кој стартува во 19 часот во салата „Градски парк“.

Оваа информација ја потврди и тимот од Аердром на својата официјална страница. 

„Засега не е најавен телевизиски пренос, а постои можност дуелот во „Градски парк" да биде емитуван преку интернет стриминг“.

Од таборот на актуелниот шампион најавија дека Дамјан Стојановски е неизвесен за овој меч, додека во составот се очекува да се вратат Андреј Маслинко и Алексеј Нешовиќ.

 

 

Најново во Кошарка