НА МЗТ МУ БЕА МАЛКУ И ПЛУС 15 ПОЕНИ ДА ГО ПОБЕДИ ГОСТИВАР

ШАМПИОНСКИ ПАД ВО ГОСТИВАР: Тасовски креираше пресврт и победа!

Неверојатно добро одиграната последна четвртина која ја добија со (26-8), на гостиварци им донесе голема победа над МЗТ Скопје (67:64), во меч во кој во три четвртини имаа заостанување и од 15. поени. И на полувремето и на крајот на третата четвртина

објавено: 6 март 2018 - 19:50

Неверојатно добро одиграната последна четвртина која ја добија со (26-8), на гостиварци им донесе голема победа над МЗТ Скопје (67:64), во меч во кој во три четвртини имаа заостанување и од 15. поени. И на полувремето и на крајот на третата четвртина

Гостивар - МЗТ Скопје 67:64 (8-16; 15-22; 18-18; 26-8)

По шест минути игра, семафорот во салата „Младост" во Гостивар покажуваше неверојатни, но вистинити (2:2), пред да дојде тројката од најмладиот на теренот - Маслинко.
Неефикасно и заврши таа прва четвртина, особено за домашниот тим. Кој реализираше само осум поени, за разлика од гостите од Скопје кои имаа двојно повеќе – 16.
Првата двоцифрена предност првакот ја имаше во втората минута од втората четвртина (20:10), некоја минута подоцна имаа двојни поголеми (26:13).
Лалиќ доминираше во рекетот (десет поени), придонесе да не се почувствува отсуството на Трајковски. Симоновски погоди две тројки откако влезе во иогра, па до одморот МЗТ Скопје изгради уште повисоки (38:23).

Во третиот дел се играше доста израмнето, „металците" ја чуваа високата позитива (45:28), но само до моментот кога Тасовски ја уфрли својата четвртта тројка на мечот, за Гостивар да намали на (36:47) по 25. минути игра. Даде искусното крило, уште една, за -10 (39:49).
Но Маслинко со уште една тројка, и ги врати работите какви што беа на полувремето (56:41), за тимот од Аеродром.
Но малку беа тие плус 15 за МЗТ Скопје, затоа што во наредните нецели шест минути ураганот гостивар направи серија од (19-2), и поведе, макар и минимално, со (60:58).

А во последните три минути од дуелот се влезе „од нула" (60:60).
Репрезентативците Магдевски и Стојановски разменија по еден прецизен шут за (62:62) со кои се влезе во последните 60 секунди од натпреварот.
Во нив, прво Тасовски беше мирен од линијата за слободни фрлања, за (64:62). А по двете грешки на Лалиж, го казни првакот уште пожестоко.

По 17 одиграни кола, МЗТ Скопје е трет, со скор (12-5), додека пак Гостивар е две позиции подолу, со ефект (11-6), колку што има и Куманово.
Во следниот круг од Првата лига, шампионот игра дома со Фени Индустри, додека пак Гостивар го чека сериозен испит, во „Градски парк" против непобедливиот Работнички.

 

Најново во Кошарка