Уште еден американски кошаркар во АВ Охрид

Шејн ќе му прави друштво на Брукс

Во пресрет на натпреварот со Кожув овој викенд, охридскиот прволигаш се засили со Кајлен Шејн.

објавено: 24 февруари 2017 - 11:45

Корпулетниот американски кошаркар Кајлен Шејн (23години-208 сантиметри), кој игра на центарската позиција ќе биде новото американско засилување за „галебите" од Охрид.
Кајлен Шејн во АВ Охрид се пресели од мексиканскиот клуб Индиос, а претходно има настапувано во Европа, во романскиот прволигаш Динамо од Букурешт. А минатата година се најде на поширокиот список за драфт во НБА, но не го помина последниот „пресек".


Инаку Шејн е второ засилување за кратко време меѓу „галебите", откако пред десеттина дена ја официјализираа соработката со Девин Брукс кој имаше импресивен настап против Фени Индустри во четвртфиналето од Купот на Македонија минатиот викенд во Кавадарци.
Шанса за деби Шејн во дресот на охриѓани ќе има против Кожув, во мечот кој ќе се одигра во сабота попладне (18 часот) во салата „Билјанини извори" во Охрид.

Најново во Кошарка