МКФ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ДОПИСНО СОБРАНИЕ

Шест играчи да одат на „двојна"?

Сите клубови со право на глас на Собранието треба да се изјаснат за предлогот кој вклучува зголемување на бојот на играчи со двојна лиценца (за натпреварување од повисок до понизок ранг во лигите). Зголемување на бројката на играчи од три на шест...

објавено: 14 септември 2017 - 13:00

Македонската кошaркарска федерација за многу кратко време планира да организира дописно Собрание.

Со една точка на дневниот ред, предлог измена во Регистрацискиот правилник на МКФ, и тоа во делот за регистрација на играли со „двојна лиценца".

На „состанокот", сите клубови со право на глас на Собранието треба да се изјаснат за предлогот кој вклучува зголемување на бојот на играчи со двојна лиценца (за натпреваруавње од повисок до понизок ранг во лигите).
Предлогот е зголемување на бројката на играчи кои настапуваат во клубовите со двојна лиценца, од три на шест.
Во најголем број тоа се однесува за оние помлади кошаркари, кои освен во младинска би настапувале и во сениорска конкуренција, со повисок или понизок ранг на натпреварување.
Согласно најавата на МКФ, сите потребни документи за ова дописно Собрание ќе им бидат испратени на 18. септември (понеделник).

Најново во Кошарка