ОТКАКО ГО ПОДМИРИЛЕ ДОЛГОТ КОН ФЕДЕРАЦИЈАТА

Шкупи продолжува да игра во Првата лига

Клубот од Чаир покажал уплатница со износ кој ја покрива бараната сума од страна на федерацијата, и согласно со тоа, нема пречки да го одигра дуелот од шестото првенствено коло против екипата на Вардар.

објавено: 9 ноември 2018 - 13:50

Циркусот во македонската Прва лига продолжува.

Сега дојде до она позитивна тошка која вели дека екипата на Шкупи сепак ќе го продолжи натпреварувањето во најквалитетната коашркарска лига во Македонија.
Чаирчани писмено потврдиле дека ја подмириле бараната сума од МКФ за „тргање" на своевидниот "бан", односно суспензија, по што непречено можат да го одиграат наредниот првенствен меч, оној против екипата на Вардар во рамките од шестото коло.
Претходно, поради истата причина, односно ненавремено плаќање на долгот спрема федерацијата, екипата на Шкупи со службен резултат 2:0 го загуби натпреварот против екипата на Пелистер.
Согласно со пропозициите за службениот пораз чаирчани не го добија бодот предвиден за поразената екипа, по што се убедливо на последното место на табелата.
Доколку не го реализираа плаќањето, чаирчани се соочуваа (т) со исклучување од првенствените натпревари и преселба во најнискиот ранг на натпреварување, втората лига, реално и кад е што треба да бидат во овој момент согласно со играчкиот квалитет.
Опција која секако сто и како отворена доколку во наредниот период направат уште една ваква „финасиска грешка" спрема МКФ.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка