ЌЕ ПОМАГААТ ОПШТИНАТА ЧАИР И СТРАНСКИ СПОНЗОРИ

Шкупи сака да игра во Првата лига!

За тоа веќе ги информирале УО на МКФ; комесарот за натпреварувaње, како и Здружението на клубовите од Втората лига.

објавено: 11 септември 2017 - 13:05

Екипата на скопски Шкупи, која лани ги заврши натпреварите во Втората лига на шестото место, искажува позитивен интерес за настап во прволигашката конкуренција за сезоната 2017/2018.

За тоа веќе ги информирале УО на МКФ; комесарот за натпреварувaње, како и Здружението на клубовите од Втората лига.


„Кошаркарскиот клуб Шкупи-Скопје ја прифаќа, и ја поздравува одлуката да настапува во Првата лига-мажи во новата сезона 2017/2018. Согласно со одлуките и заклучоците за проширување и попoлнување на Првата лига-мажи донесени на седницата на УО на МКФ"- се вели во известувањето од клубот од Чаир доставено до надлежните органи.
Шкупи е вториот второлигаш. по Карпош Соколи кој се одлучи да даде позитивен одговор на иницијативата на МКФ за проширување на Првата лига во сезоната 2017/2018.

А зад одлуката на овој клуб да испрати пријава за настап во Првата лига, неофицијално, стои и општината Чаир, иако од клубот најавуваат и „влез" на некои странски спонзори.

 

Најново во Кошарка