КАВАДАРЧАНИ ВО „КРИТИЧНА ФАЗА"

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ФЕНИ ИНДУСТРИ: „Прва помош" или финансиски колапс!?

Адам Мирковиќ е последниот играч од стартната петорка кој си замина од клубот од Кавадарци. Како понатаму, се прашуваат и играчите и стручниот штаб на некогашниот шампион на Македонија?

објавено: 26 ноември 2017 - 17:00

Ако за некоја екипа во Македонија може да се каже дека паузата во шампионатот е „добредојдена" тоа дефинитивно важи за Фени Индустри.

Иако досега беше доста „мирно" во Кавадарци, како одминуваат деновите, така се понејасна е ситуацијата во „кошаркарската секција" на Фени Индустри.
Па така за време на овој празен период, екипата која дефинитивно е над сите проблеми, пред се финасиските, остана осиромашена за уште едне играч, кој важи, поточно важеше за носител на играта.
Адам Мирковиќ е последниот играч, од оние од страна, кој го напушти клубот и замина за БиХ каде ќе ја продолжи кариерата, по што јасно е дека шефот на стручниот штаб, Љупчо Малинков, по завршувањето на репрезентативните активности (асистент тренер во националниот тим), на првиот тренинг во неделата која е пред нас, во „Јасмин" ќе дочека само неколку домашни кошаркари...

 

Односно,  Јане Петровски, Горјан Марковски, не и Предраг Пајиќ, кој пак, за малерот на кавадарчани да биде уште поголем, има сериозна повреда на задната ложа. И извесно е дека го чека пауза од најмалку еден месец.

Но, јасно е дека вака повеќе Фени Индустри не може да функционира.
Проблемите со фабриката, која е основен, главен спонзор на кошаркарскиот клуб се големи, па извесно е дека во скоро време треба да се најде решение и за оваа „секција", ако воопшто може да се дојде до некое решение. Посебно што крајно неизвесна е и судбината на фабриката, односно нејзино нормално функционирање (се најавува стечајна постапка).
Дали клубот може да биде подржан од некои други структури во градот Кавадарци?
Пред се од локалната самоуправа, или пак некои добро стоечки компании, кои би влегле во целата оваа ситуација, и би биле „прва помош" за опстанок на некогашниот македонски шампион и освојувач на БИБЛ лигата каде се чека разврска во „Фени"
Засега има некои, макар неофицијални најави, дека во една таква улога би се нашла градската власт. Но реакцијата би требало да биде брза, молнеита, затоа што времето тече, а некои работи не се поместени од „мртвата точка".
Односно играчкиот и стручниот дел од тимот засега работат за „без пари", па и оттука се поставува прашањето до каде може да оди и нивното трпение?
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка