КК ГОСТИВАР СО СООПШТЕНИЕ ПО ИЗРЕЧЕНИТЕ КАЗНИ

„Што се замислувате вие во федерација, безгрешници или некакви божества?

Тимот на Гостивар денеска излезе со соопштение по изречените казни од страна на комесарот за натпреварување, Владо Цветковски за дуелот со Блокотехна. Тренерот Марјан Србиноски заработи суспензија од два меча и парична казна од 88.000 денари,а  додека клубот дополнителни 60.000 денари.

објавено: 4 април 2018 - 11:30

Тимот на Гостивар денеска излезе со соопштение по изречените казни од страна на комесарот за натпреварување, Владо Цветковски за дуелот со Блокотехна. Тренерот Марјан Србиноски заработи суспензија од два меча и парична казна од 88.000 денари,а додека клубот дополнителни 60.000 денари.

„Спортмедиа“ во целост ви го пренесува соопштението:

„Почитувани пријатели на кошарката!

Вчера КК Гостивар го доживеа најтешкиот момент од постоењето.

Изречените ,, ЕВРОПСКИ'' казни, како да не беа насочени кон македонски клуб, туку како да се работеше за некој пребогат европски шампион. Што се замислувате вие во федерацијата, безгрешници или некакви Божества? Што сакате да постигнете? Да ја доуништите онака уништената кошарка во Македонија. Зошто се служите со двојни аршини и пресудувате како ќе ви се сака и кому сака?

Ние спонзорите на КК Гостивар нема да дозволиме било кој да се поигрува со нас и нашите тешко заработени пари. Ние доброволно се собравме, без притоа да имаме било каков бенефит, да му дадеме на градот и на младите, убави спортски моменти. Ние губиме драгоцено време, дури често пати ги оставаме настрана обврските во нашите компании, се со цел само да помогнеме, а не некој да се изживува со сите нас. Ние сме сериозни луѓе, а не хулигани, за кои некој сака да не престави. Ако до сега сме организирале голем број натпревари, во полна сала и притоа не е направен ниту еден инцидент, не зборува ли тоа дека сме биле одлични организатори, а нашата публика безпрекорна. Погледнетеги снимките од натпреватите во Гостивар кои се достапни на нашиот FB и уверете се сами за каква коректна публика се работи. Судиите наместо да ја смират состојбата, тие уште повеќе ја разгневија. Но и покрај тоа никој од публиката не влезе на терен да се пресметува со никого, а најмалку со гостинските играчи. Се прашуваме, ако натпреварите се снимаат, зошто тогаш судиите не настапат во амортизирање на состојбата, а не во наелектризирање? Затоа постојат снимените материјали, да ја покажат правата состојба и ако некој погреши да си ја сноси одговорноста. Зошто во нашава држава секогаш судиите мора да бидат во право? Зошто никој не расправа за нивната одговорност?

Во соопштението за казните беше наведено, дека приговорот за судењето не се разгледал бидејки не сме платиле такса. Е, ако не сме платиле , нека не им се суди. Нека ги осиромашуваат и понатака клубовите, онака како што ке посакаат и нека ја полнат нивната каса.

Тие судии кои се платени од нашите џебови, само во еден противнички напад направија 4 грешки. Заради тие нивни грешки се направи револт и притоа покажаа 3 технички со кои директно учествуваа во креирање на резултатот. И помогнаа на екипата која хаотично почна да паѓа во натпреварот. Во салата имаше прекрасна атмосфера, како да се работи за лига на шампиони. Судиите со нивните одлуки ја погребаа и последната полна сала во Македонија. Впрочем, се навикнаа да судат во празни сали, во мртва тишина.

Што сакаа да кажат со огромните казни? Демек ние сме невоспитани, па казните ќе делуваат воспитно. Ова ни личи на поговорката, кадија те тужи, кадија те суди.

Со почит, спонзори на КК Гостивар

Најново во Кошарка