Без промени во „Градски парк“

Штрајкот продолжува: Работнички нема пари, а нема ниту услови за тренирање

Ситуацијата во таборот на „црвено-белите“ и натаму не се менува. Засега во салата „Градски парк“ се нема појавено никој. Стручниот штаб и кошаркарите чекаат разврска, а згора на сè во салата е кочан ладно и нема вода.  

објавено: 10 јануари 2017 - 14:30

Кошаркарите и стручниот штаб на Работнички и натаму се на „зимски одмор“, поради неисплатени долгови (три и повеќе плати) штрајкот во „Градски парк" продолжи.. Ситуацијата во таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив не се промени ниту по божиќните празници и покрај тоа што имаше најава дека ќе има седница на Управниот одбор.

„Спортмедиа“ дознава дека во салата се нема појавено буквално никој, а за да целата ситуација биде уште полоша во „Градски парк“ нема услови за тренирање, покрај тоа што е „кочан“ ладно, нема и вода.

Играчите заедно со стручниот штаб првата прозивка ќе ја имаат откако ќе биде позната судбината на Работнички, кој остана без извршен директор, откако Оливер Тоневски поднесе оставка. 

Инаку „црвено-белите“ кои имаа одлична полусезона со делба на првото место на табелата, првиот натпревар од домашното првенство го играат на 21 јануари.

Најново во Кошарка