Кога нема резултати, кај нас се знае што следи

Штрковите летаат со половина гас - Кошаркарите на МЗТ Скопје казнети со 50 проценти од месечната плата

Кошаркарите на МЗТ Скопје се казнети со 50 проценти од месечната плата, а причина се лошите резултати, пред се во јадранската Лига

објавено: 20 март 2018 - 13:53

Кошаркарите на МЗТ Скопје се казнети со 50 проценти од месечната плата, а причина се лошите резултати, пред се во јадранската Лига.

Ова е очекуван потег на Управата на „штрковите“, особено за македонски услови. На официјалниот сајт на шампионот нема информација дали има идентична казна за челниците на клубот, кои го доведоа МЗТ Скопје до ова дереџе и последно место во АБА лигата со само 3 победи и 19 порази.

Казнети се и тренерите, а како што е наведено на клупскиот сајт оваа мерка е предвидена во Дисциплинскиот правилник на клубот.

Истовремено се истакнува дека тренерот Жељко Лукајиќ ја има целосната поддршка од раководството на клубот, иако сезоната е катастрофална со дузина порази од 30 и повеќе кошеви разлика на Јадранот.

 

Најново во Кошарка