ГОСТИВАРЦИ СЕ ПОКАЖАА КАКО СЕРИОЗЕН СПАРИНГ ЗА ШАМПИОНОТ

Симоновски за „мир“ во МЗТ

Репрезентативниот бек „се отвори“ кога тоа му беше потребно на бранителот на титулата. Знаеше да погоди секогаш кога не одеше како што треба. На крајот го сочува домаќинот од поголеми проблеми, МЗТ Скопје не баш лесно го „скрши“ отпорот на Гостивар (75:67).

објавено: 14 ноември 2017 - 21:05

МЗТ Скопје стигна до планираната цел во дуелот со Гостивар. Победи шампионот против дебтантот во друштвото на најдобрите. Нималку лесно, но сепак, дојде до двата бода кои го искаќувата места погоре на првенстевната табела.

Сепак, до тоа стигнаа со многу потрошена енергија од планираната, но и на офанзивниот ефект кој го имаше Марко Симоновски. 

МЗТ Скопје – Гостивар 75:67 (17-18; 16-11; 24-20; 18-18)

Првата четвртина на натпреварот во малата сала во „Јане Сандански", мина во голема изедначеност, без некоја врвна ефикасност. Доста се грешеше (двете екипи заедно имаа 11 загубени топки), па затоа ниту еден од актерите не успеа да направи посериозна предност во тој прв период кој минимално им припадна на гостиварци, (17:16).
Затоа пак втората четвртина МЗТ ја почна со серија од 11-0. Низа која заврши во 15 минута, кога домашите имаа двоцифрена предност (28:18).
Серијата ја прекина Димчевски со две тројки по ред, а Тодоровиќ погоди за два поени, па разликата на „металците" брзо се стопи.
Ова беше најнеефикасното полувреме кое го одигра МЗТ сезонава, и покажаа напредок во одбраната, за сметка на нападот кој не беше ефикасен како вообичаено. И каде немаше ниту еден двоцифрен во тоа прво полувреме кое МЗТ го реши во своја корист, но „само" со (33:29).Пред се затоа што свои поентерски „отскокнувања" имаа и Димчевски (12) и Тодоровиќ (10).

Не одеше шутот кај шампионот, и да не беа оние четири точни проектили на Симоновски извесно е дека ќе имаа уште посериозни проблеми во дуелот со борбените гости од Гостивар.
Кај нив пак недостасуваа, барем во првото полувреме, поените од Тасовски,. Дојдоа во третиот период од играта во кој остана активна онаа резултатска „клацкалка" која беше на страната на домаќинот, но со доста „горе-долу" ситуации.
Сепак, по три периоди игра, сосема солидно беше водството на фаворитот, иако не и двоцифрено (57:49).
Симоновски беше оној „чувар" од поголеми непријатности за МЗТ Скопје. Репрезентативниот бек најави враќање во форма, и же биде вистинска штета доколку не се најде на списокот, оној официјалнито за натшреварите кои следуваат на националнито тим веќе следната седмица.
„Здодевните" гостиварци никако немаа намера да се предадат без бора во „Јане Сандански". Па на две и пол минути пред крајот повторно беа на минус од четири поени (62:66). Секако пред Симоновски да ја погоди својата петта тројка на натпреварот.

Застана на ефект од 22. поени и 7. скока, 13 дојдоа до Трајковски, 11 од Спасојевиќ а 10 од Мавра. 

Кај гостиварци освен ефектот на Димчевски (14) и Тодоровиќ (18.поени) во првото, меѓу „двоцифрените“ во второто полувреме им се приклучија Сегариќ со 18 поени и Тасовски кој заврши со 10.  

Најново во Кошарка