ВРЕДИ ДА СЕ ОДБЕЛЕЖИ И ЕДЕН ТАКОВ МОМЕНТ

„СИНО-БЕЛ" СПОМЕНАР: МЗТ пет години без „лименката"

На денешен ден пред пет години, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го одработеа последниот тренинг во популарната „Лименка".

објавено: 14 февруари 2018 - 15:00

На денешен ден пред пет години, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го одработеа последниот тренинг во популарната „Лименка".

Повеќе од илјада припадници на навивачката група „Фемили" за последен пат се најдоа на своето место на трибините во стариот „Јане Сандански", приредувајќи вистинска фешта за своите миленици на паркетот.
Навивачите пееја, играчите трчаа и повремено им отпоздравуваа на тие што им скандираа од трибините. Имаше и такви што пролеаја и по некоја солза во име спомените, кои беа собирани во изминатите децении во ова култно место за секој аеродромец.

Најново во Кошарка