РЕАКЦИЈА НА НАВИВАЧИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПО НАЛОГОТ НА МКФ

„СИТИ ПАРК БОЈС“: За кого се игра кошарката во Македонија?

По налогот на комесарот за натпреварување при МКФ, Владо Цветановски, во рок од 48 часа пред стартот на вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје да се отстранат недостаците во „Градски парк" во јавноста се огласи навивачката група „Сити Парк Бојс". 

објавено: 21 април 2017 - 12:40

Доколку од таборот на Работнички не ги исполнат барањата на Комесарот за натпреварување, Владо Цветановски, вечното дерби меѓу најтрофејниот кошаркарски колектив и МЗТ Скопје би можеле да не се одигра во салата „Градски парк“. По ваквото барање, се огласи Работнички, а денеска и фановите на овој клуб.

„Спормедиа" во целост ви го пренесува соопштението.

„ЗА КОГО СЕ ИГРА КОШАРКА ВО МАКЕДОНИЈА!?
Тоа е прашањето на кое никогаш нема да добиеме одговор од посебно ограничени личности кои се преполни со соломонски решенија и еден куп иновативни ''Идеи'' ,а во народот се познати како МАКЕДОНСКА КОШАРКАСКА ФЕДЕРАЦИЈА.
Некој ќе се запраша зошто пак сега овие критики упатени кон нив.Само ќе кажеме еве го нашиот одговор за целокупната македонска спортска и навивачка јавност.
Пред неколку дена на адреса на нашиот клуб КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ стигна
некаков допис во кој се наведува дека салата „ГРАДСКИ ПАРК" е суспендирана (поради наводни инциденти и пропусти со КК КАРПОШ СОКОЛИ), но истовремено и не е суспендирана, човекот од МКФ и сам не знае што сакал да каже. Лани токму на барање на МКФ се постави заштитна мрежа и се скрати добар дел од навивачката трибина и дел од Б-трибината и сега тоа повеќе ништо не важи.
Но, тоа како да не беше доволно и после првиот катиљ ферман стигна друг уште покатиљ од првиот во кој се бара следново пред одигрувањето на ГРАДСКОТО ДЕРБИ.

- Да се затвори и да не биде во употреба НАВИВАЧКАТА ТРИБИНА на натпреварот
против мзт скопје
- Да се затвори Б ТРИБИНАТА
- Да се одстранат повеќе редови од А ТРИБИНАТА и на истите да има редарска
служба а не љубители на кошарката кои се постојано присутни на истата
- и многу други глупости и нелогичности што се бараат од службеното лице при КФМ

Од што толку се уплашивте сите па стравот што ви се втера во коските ве натера да правите вакви нелогични потези. Дали спремате уште некое црно сценарио како резервен план Б? Зошто не побарате празна сала? Зошто не побарате КК РАБОТНИЧКИ сите натпревари до крај службено да ги изгуби?Зошто не побарате навивачите и симпатизерите на КК РАБОТНИЧКИ да се преселат во некоја друга земја, континент, планета?

Затоа ги повикуваме сите оние на кои КК РАБОТНИЧКИ и црвено белата боја им е во крвта без разлика дали се навивачи, симпатизери или само љубители на кошарката да ја наполнат до последно место салата во Градскиот Парк, за инает на сите оние кои ја уништуваат кошарката и ги бркаат сите од спортските сали за да си прават приватна лига по нивни правила. Повеќе нема што да се молчи и да се правиме дека не сме од тука,ова е директен атак врз нашиот клуб и мораме сите заедно да бидеме ПРВА ЛИНИЈА НА ОДБРАНАТА на МАК БАСКЕТОТ!

ЗАБРАНЕТЕ СE И ОСТАНЕТЕ САМИ. ШТО ЌЕ ВИ Е ПУБЛИКА И ПОЛНИ САЛИ

СО ПОЧИТ
CITY PARK BOYS 1997", се вели во соопштението на фановите на Работнички.

Најново во Кошарка