УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА, РЕАГИРААТ БИТОЛЧАНКИ:

Со овие потези на МКФ, Пелистер ќе стане пасивен кошаркарски субјект!

Се чудиме на третманот кој го пружите на кошарката во целина низ целата држава,
креирате ? Проектирате ? Поддржувате ? Или само тивко и бавно нè убивате (затворате)
на основ одлуки и правилници?

објавено: 18 јуни 2017 - 12:19

Наместо горди учесници на финалниот турнир за кошаркарки „под 18" години, ЖКК Пелистер доживеа да добие висока парична казна и да биде исклучен од натпреварувањето за наредната натшреварувачка сезона.

Така работи МКФ, велат од управата на битолските „зелено-бели" во својата реакција.
„Пелистерки" ги опишуваат до најситни детали случувањата пред и по одржувањето на завршниот тунир, кој го заслужија, но некој друг им го одзема правото да се натпреваруваат со најдобрите.

Срамно и жално е ова, но само толку можеме да направиме в моментов...
Се чудиме на третманот кој го пружите на кошарката во целина низ целата држава,
креирате ? Проектирате ? Поддржувате ? Или само тивко и бавно не убивате (затворате)
на основ одлуки и правилници?
Нè казнивте 30.000 ден. поради откажување учество на Ф4 и една година забрана за играње.
После лицитацијата турнирот го организира МКФ. Ова е делот од меилот каде кажувате дека трошоците за организација ќе ги поделат 4-те учесници.


Еве кога и поради кои причини го откажавме учеството:
На овој меил немавме никаква реакција, сугестија или одговор, туку едноставно во делегирањето беше напишано дека се откажавме.

Добро почитајте зошто се откажавме и урамнотежете со одлуката за казнување.
Дали има некој нормален малку кошаркарски работник што не сака да учествува на Ф4 ???
При ситуација каде за организатор се јавува МКФ, дали имаше урамнотежување помеѓу четирите екипи?
Во смисла струшката и битолската екипа да имаат трошок по 500 евра а двете скопски екипи заедно - 0 евра.
Почетно ќе го делиме трошокот за организацијата, а потоа тој трошок го превзема федерацијата, а тоа е една од финансиските алки поради која што се откажавме, а не бевме известени дека ќе биде така.


Ние не играме, бидејќи немаме пари, а вие нè казнувате за исто толку, а може и повеќе пари отколку да би играле.
Да се жалиме на арбитража 10.000 денари такса и пак немаме и за тоа.
Повелете прошетајте по внатрешноста на Државата да видите во какви услови се работи, не само финансиски видете во каква инфраструктура и други пропратни работи функционираме или не.
Со вакви одлуки, свесно или не, ќе не претворите во една од оние организации кој профитираат (помалку или повеќе) од наплата, а во меѓувреме ни на крај памет не им доаѓа да пријавуваат натпреварувачки екипи. Не е лесно да се натпреваруваш, викенд слободен потешко, при тоа треба да работиш и да трошиш.
Доколку одлуката стане правосилна, ЖКК ПЕЛИСТЕР по се изгледа ќе премине во пасивен кошаркарски субјект, со голем прашалник која натпреварувачка сезона би пријавиле натпреварувачки екипи.
Само да спомнеме дека овој сиромав ПЕЛИСТЕР во минатите две натпреварувачки сезони даде две квалитетни репрезентативки ( Нурај Мемедова и Елена Тасевска ).
Да знаете ова нè боли, извинете доколку лично се пронајдете во погоре напишаното.
Среќно во понатомошниот развој на МАК КОШАРКАТА.

Најново во Кошарка