Собрани 130.000 денари од хуманитарната акција за помош на Гешо

Крајниот епилог од хуманитарниот карактер на неодамнешното вечно дерби на МЗТ Скопје Аеродром со Работнички е собрани 130.000 денари кои во најскоро можно време ќе бидат уплатени на сметка за помош на поранешниот капитен на нашиот тим, Стеван Гешовски.

објавено: 11 декември 2017 - 14:01

Крајниот епилог од хуманитарниот карактер на неодамнешното вечно дерби на МЗТ Скопје Аеродром со Работнички е собрани 130.000 денари кои во најскоро можно време ќе бидат уплатени на сметка за помош на поранешниот капитен на нашиот тим, Стеван Гешовски.

Од продадените 1.205 билети за пресметката помеѓу најголемите ривали во македонската кошарка беа инкасирани 120.500 денари додека од кутиите за донирање кои беа поставени на неколку локации во салата „Јане Сандански" дополнително беа собрани уште 9.000 денари.

Парите наскоро ќе бидат префрлени на сметка на легендатата на македонската кошарка и поранешен репрезентативец на некогашна СФРЈ, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што како најадекватна метода за лекување е терапијата со матични клетки во Русија.

Најново во Кошарка