РЕПРЕЗЕНТАТИВНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ВИЦЕ-ШАМПИОНОТ

Соколи потпишаа со Ѓуроски

Тимот на Карпош Соколи продолжува со засилувањата, откако во тимот е донесен репрезентативецот Стојан Ѓуроски

објавено: 7 август 2017 - 20:18

Македонскиот вице-шампион Карпош Соколи од денеска има еден македонски репрезентативец повеќе во својот ростер, по договорот со Стојан Ѓуроски (25 год., 203 см.).

Станува збор за крилен кошаркар, кој минатата сезона настапуваше за екипата на МЗТ Скопје. Гостиварецот има настапувано уште и за Работнички, Кожув и за бугарски Левски, а зад него е и четиригодишен престој во таборот на универзитетот Луизијана тек од НЦАА-лигата

Најново во Кошарка