КОМПЛЕТИРАНО Е 4. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА

„Соколите" по старо, ФМП го доби дербито со МЗТ

Неколку интересни натпревари се одиграа овој викенд во двете групи на втората лига.

објавено: 6 ноември 2018 - 13:00

Вниманието го привлече скопската пресметка во која Академија ФМП го пречека одличниот тим на МЗТ Скопје, и го порази, на крајот со тесни, но заслужени (73:70).

Со тоа „пантерите" останаа непоразени во оние три натпревари кои ги одограа досега, и дојдоа на чекор до „недопирливите" мови од Карпош Соколи. Предводени од тренерот Мики Наумоски „соколите" ја прегазија Лирија 77 со (99:42), доволно за задржување на максималнито ефект и лидерското место на истокот.
На западот пак, во иста улога се екипите на Работнички и на Тетекс ТТК.
Вториот тим од „Градски парк" во овој круг потешко од очекувањата беше подобар од Гостивар (80:75), додека пак тетовци славеа на гостувањето во Ѓорче Петров кај ТФТ (83:68).
Прв пораз запиша Чаир 2030 на гости кај Хераклеа (68:79), па тоа го искористи Ангели, кој беше подобар од Партизан МШ (77:61), и се искачи на делба на третата позиција во оваа западна конфереција на втората лига.
Б. Радуловиќ

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ
ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Спарта – Борец Баскет 75:95
Куманово – К. Паланка 78:55
Академија ФМП – МЗТ Скопје 73:70
Карпош Соколи – Лирија 77 99:42
ТФТ - Дино баскет 86:77
Баскет КАМ – Струмица 0:2 сл.
Милановски - слободна
ТАБЕЛА
1.К. Соколи 4 4 0 340:224 8
2.Борец баскет 4 3 1 338:246 7
3.МЗТ Скопје 4 2 2 346:300 6
4.Академија ФМП 3 3 0 246:226 6
5.Дино Баскет 4 2 2 308:316 6
6.ТФТ 3 2 1 250:219 5
7.Спарта 4 1 3 332:377 5
8.Куманово 4 1 3 261:308 5
9.К.Паланка 4 1 3 271:333 5
10.Баскет КАМ 3 1 2 200:200 4
11.Лирија 77 3 1 2 152:138 5
12.Милановски 2 0 2 109:189 2
ИДНО КОЛО (10.11)
МЗТ Скопје – ТФТ
К. Паланка – Академија ФМП
Борец Баскет – Куманово
Лирија 77 – Спарта
Милановски – Баскет КАМ

ЗАПАД
РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО
Хераклеа – Чаир 2030 79:68
Работнички – Гостивар 80:75
Феникс 2010 – Црн Дрим 99:97
ТНТ – Тетекс ТТК 68:83
Спорт Тим – Спортисимо 62:69
Ангели – Партизан МШ 77:61

ТАБЕЛА
1.Работнички 4 4 0 311:249 8
2.Тетекс ТТК 4 4 0 296:258 8
3.Чаир 2030 4 3 1 337:295 7
4.Ангели 4 3 1 310:274 7
5. Хераклеа 4 3 1 288:280 7
6.Партизан МШ 4 1 3 298:291 5
7.Црн Дрим 4 1 3 298:299 5
8.Спортисимо 4 1 3 256:285 5
9.ТНТ 4 1 3 312:345 5
10.Гостивар 4 1 3 279:316 5
11.Спорт Тим 4 1 3 264:304 5
12.Феникс 2010 4 1 3 279:332 5
ИДНО КОЛО (10.11)
Спортисимо – Хераклеа
Партизан МШ – Работнички
Чаир 2030 – Ангели
Тетекс ТТК – Спорт Тим
Црн Дрим – ТНТ
Гостивар – Феникс 2010

Најново во Кошарка