РАСПАД СИСТЕМ ВО КАРПОШ СОКОЛИ

Соколов ги напушти „соколите“, се сели во МЗТ Скопје

Повратникот во македонската репрезентација, Дарко Соколов е нов член на МЗТ Скопје. Искусниот кошаркар го потврди она што веќе долго време се зборуваше и се очекуваше - распад на Карпош Соколи. 

објавено: 20 ноември 2017 - 15:00

Марија Ковачева

Карпош Соколи дефинитивно тоне. Клубот од Карпош веќе долго време со соочува со финансиски проблеми, а колку е сериозна ситуацијата говори заминувањето на еден од најдобрите кошаркари. Дарко Соколов го напушти „соколите“ и во иднина ќе го носи дресот на МЗТ Скопје.

Повратникот во македонската репрезентација веќе еднаш играше за актуелниот бранител на шампионската титула, во сезоната 2009, тогаш тренер беше Александар Петровиќ. Со потпишувањето на Соколов, МЗТ Скопје ќе добие на искуство на бековската позиција.

Да не заборавиме токму Соколов беше еден од најзаслужните за победата на „соколите" над МЗТ во неодамнешниот нивен дуел во „Јане Сандански“, што пак беше повеќе од доволна причина за да Тодоров го има во составот во обидот за враќање на победничките патеки.

Соколов е четврттиот играч кој си замина од Карпош Соколи, претходно тоа го сторија Браун, Мекфејден и Делиќ.

 

 

 

 

Најново во Кошарка