Поплаки од раководството на Академија Пандев

Срамно судење на Игор Стојчевски

Академија Пандев е поразена со 0-1 во првиот осминафинален дуел од Купот на Македонија против Силекс.

објавено: 13 септември 2017 - 18:40

Академија Пандев е поразена со 0-1 во првиот осминафинален дуел од Купот на Македонија против Силекс.

„Иако нашиот клуб секогаш причините за поразот ги бара во сопствените редови, не можеме да поминеме преку делењето на правдата на главниот судија Игор Стојчевски.
Не само што неоправдано му додели црвен картон на нашиот фудбалер Давид Атанаскоски и на претставникот на клубот Југослав Тренчовски, туку по натпреварот со пцовки ги испрати македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев и капитенот Сашко Пандев.
Раководството на Академија Пандев ќе бара прегледување на снимката пред релевантни фактори во ФФМ бидејќи смета судењето на Стојчевски беше крајно тенденциозно. Не сакаме да помислиме дека тој имал намера или инструкции за такво делење на правдата".

Инаку, Силекс победи со голот на Игор Филиповски во 20. минута, но патникот во четвртфиналето од Купот на Македонија ќе се одлучува на реваншот во Струмица на 18 октомври.

Најново во Кошарка