НАЈДОБРИТЕ ГИ ДОБИЈА НАГРАДИТЕ

Стојановски, Рајковиќ и Антиќ кошаркарски лауреати за 2014 година

објавено: 21 февруари 2015 - 15:45

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, тренерот Емил Рајковиќ и членот на Атланта хокс, Перо Антиќ се прогласени за лауреати во македонската кошарка за 2014-та година.

Стојановски зад себе остави фантастична сезона со трофеј во домашната лига и Купот на Македонија со што ја доби наградата за најдобар македонски кошаркар, додека Перо Антиќ, очекувано е прогласен за најдобар македонски кошаркар во странство.

Наградата за најдобар тренер замина во рацете на Емил Рајковиќ, за најдобар млад кошаркар е прогласен Андреј Магдевски, а наградите за најдобри кошаркарки во сениорска и младинска конкуренција заминаа во рацете на Анџелика Митрашиновиќ и Драгана Петковска. За најдобар кошаркарски судија е прогласен Александар Милојевиќ.

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2014

Најдобар македонски кошаркар: Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје)
Најдобар македонски кошаркар во странство: Перо Антиќ (Атланта Хоукс)
Најдобра македонска кошаркарка: Анџелика Митрашиновиќ (Бадел 1862)
Најдобар македонски млад кошаркар: Андреј Магдевски (Клиникас Ринкон)
Најдобра македонска млада кошаркарка: Драгана Петковска (Кросиг/Младинец)
Најдобар македонски тренер: Емил Рајковиќ (Работнички/Сласк Вроцлав)
Најдобар македонски тренер (жени): Перо Стамески (Бадел 1862)
Најдобар македонски младински тренер: Мики Наумовски (Карпош Соколи)
Најдобар македонски младински тренер (жени): Борче Домлевски (Бадел 1862)
Најдобар македонски судија: Александар Милојевиќ

Најново во Кошарка