НА ПОПЛАДНЕВНИОТ ДУЕЛ СО ШКУПИ

„Струја" го вклучи и Миса

За прв пат во својата кариера, 17 годишниот кошаркар доби прилика да заигра за првиот тим на МЗТ Скопје, кој лесно и убедливо го победи „фенерџијата" со резултат (99:62)...

објавено: 24 јануари 2018 - 14:28

Жељко Лукајиќ продолжи со новата пракса во МЗТ Скопје, На секој наредне меч на тимот од Аеродром, тренерот на „металците“ да „вади“ по еден млад играч на теренот.

На мечот одигран во еден невообичаен термин барем за наши прилики, оној против Шкупи, популарниот „Струја“ на теренот го испрати некогашниот кадетски и иден јуниорски репрезентативец, Дамјан Миса. 

Шкупи – МЗТ Скопје 62:99 (12-33; 15-19; 20-26; 15-21)
На полувремето, МЗТ Скопје веќе имаше (скоро) двојно повеќе дадени од примени поени (52:27). А уште во првиот период, Трајковски нанижа 13. поени.
На овој меч одигран пред празни трибини во малата сала на СЦ „Јане Сандански", кај Шкупи се појавија и неколку нови играчи како Виктор Серафимовски (дојде од Гостивар), но и Американците Дариус Рејндолф, Донзел Хил кои му се приклучија на Џонатан Догбо.
Многу поинаку пак изгледаше поставата на шампионот во која се најдоа и неколку млади играчи.

А за прв пат откако тренира кошарка, Дамјан Миса (роден 2000 година), доби можност да игра и за сениорскиот тим на МЗТ Скопје.
Овој 17 годишен стружанец реализираше седум поени (3/6 од поле и 1/3 зод линијата за слободни фрлања) и четири додавања односно еден скок, за нецели 20 минути поминати на теренот.
На тој начин им се придружи на своите врсници од јуниорската селекција на Македонија како Андреј Настовски (собра 16. поени и девет додавања на овој меч) и Леонид Тодоровски (6. поени и 3.скока), кои ваква прволигашка шанса добија порано.

Најново во Кошарка