НЕКОГАШНИОТ КАПИТЕН ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА

Струмица го врати Цветков

По едногодишна пауза, Петре Цветков се враќа во добро познатата средина, и ќе му помага на младиот струмички тим во битката за што подобра позиција во Првата лига.

објавено: 10 септември 2017 - 14:15

Во новата сезона екипата на Струмица ќе влезе со скоро нов состав, но и со едно име добро познато на јавноста во овој град, пред се во областа на кошарката.

Некогашниот капитен на струмичкиот прволигаш, Петре Цветков, се согласи да се врати во тимот во кој играше скоро во целата своја кариера.

И на свои 33 години да му помогне на тимот кој го предводи грчкиот тренер Власис Влаикидис, да направи што е можно подбар резултат.
Тој треба да биде оној „спој" на мадоста и искуството кои го планира раководството на клубот, кое веќе ангажираше неколку млади кошаркари, како Арсоски, Делипетров, Макенаџиев, на кои дефинитивно, ќе им биде потребна и подршката од поискусните.

 

Најново во Кошарка