Кој вели дека нема „слободни“ и квалитетни Македонци?

Струмички „џокер од ракав“ - Ненад Зивчевиќ!

Искусниот кошаркар доста време чекаше повратен одговор од неговиот сега веќе бивш клуб, мароканскиот Шабаб Ал Хоцеима, па откако не го доби, се одлучи од утре да се пресели во Струмица, каде ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

објавено: 20 ноември 2016 - 19:00

Првата победа во новата сезона е веќе зад кошаркарите на Струмица, но се чини дека првито работне ден од следната седмица, же донесе уште еден нов момент во таборот на струмичани.

Го носи најавата дека од понеделник, Ненад Зивчевиќ ќе биде новото играчко засилување за тимот кој и во оваа сезона го предводи Златко Зетов. 

Искусниот кошаркар доста време чекаше повратен одговор од неговиот сега веќе бивш клуб, мароканскиот Шабаб Ал Хоцеима, па откако не го доби, се одлучи ова „слободно време“ да го пополни со тренинзи со второлигашот Шкупи од Скопје.

А веќе од утре да се пресели во Струмица, каде ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Тоа ќе биде и уште едно враќање на трисетогодишниот кошаркар во родната земја.

Откако тргна со подгоричка Будуќност, а продолжи во Слога од Краљево, 204 сантиметри високото крило заигра во Работнички (2007-2009 година), потоа едно време беше дел и од сега веќе непостоечкиот Плејмејкер-Кубус (2009-2010), а потоа и за МЗТ Скопје.

Патот го однесе кон Украина, односво во Лвов, во тимот на Политехника, за во 2012 година да заигра и за скопска Лирија. Но и тука остана кратко време затоа што до него дојде понудата од шведскиот Сундсвал Драгон. И тој престој беше краток, затоа што за сезоната 2012/2013 неговата определба одново беше Работнички. Онаа наредната пак го однесе во Ал Араби, по што уследи и уште едно враќање дома, но сега во редовите на МЗТ Скопје.

Последен клуб за Зивчевиќ, кој освен македонскиот има и пасош на Србија, надвор од Македонија беше токму Шабаб Ал Хоцеима.

Најново во Кошарка