ВО ДЕРБИТО НА ПРВОТО ПРВОЛИГАШКО КОЛО

СУПЕР КУПОТ за „соколите"

Карпош Соколи имаше предност и од 17. поени, но до последен момент стравуваше за победата. Трајковски не ги казни сите нивни грешки, па на крајот, заслужен триумф на гостите од Карпош, (85:83).

објавено: 12 октомври 2017 - 19:45

Карпош Соколи е победник на Супер купот на Македонија...

Шегата на страна, „соколите" излегоa како победници во дуелот од првото коло од Првата лига против МЗТ Скопје.
Имаа предност, во најголем дел од натпреварот. Во неколку наврати и од 17. поени, но на крајот стравуваа за конечниот исход буквално до последниот напад на шампионот.
На крајот...

МЗТ Скопје – Карпош Соколи 83:85 (16-22; 17-25; 26-23; 24-15)

Во првата четвртина, МЗТ Скопје водеше само пет минути. За последен пат (10:9). А по поените на довчерашниот „металец", Ѓуроски, во 8. минута, „соколите" со сериоја од (10-2), стигнаа до највисоката предност (19:12), за тој прв дел од играта финишира со нешто поприфатливи (16:22), за домаќинот.
По првиот „краток одмор", на теренот „се појавија" довчерашните играчи на Карпош Соколи. Двоецот Трајковски-Пенов, и тоа со шест поени во серија, зада го вратат домашниот тим назад во игра (22:24).
Со својот осми поен, силното крило го донесе МЗТ Скопје во егал-ситуација, односно (29:29), стоеше на семафорот во празниот СЦ „Јане Сандански" по 15. минути игра во дерби дуелот од првото првенствено коло.
Карпош Соколи најде одговор преку Соколов и Лабовиќ, и уште еднаш се одвои на плус 5 (36:31). Само како најава за она што следуваше во втората „половина" од оваа четвртина. Вистински офанзивен пристап на гостите од Карпош за нивна рибрејк серија од (11-2), и големи, убедливи (47:33), на полувремето.

Релизирана со еден колективен пристап во кој соколите поделија дури 16, асистенции, а „учествуваа", поентерски пред, се, дури седуммина кошаркари. Лабовиќ, Соколов и Чомагиќ уфрлија по девет поени, а Ѓуроски, Делиќ, Николовски и Браун по пет.
Без поени, мошне чудно, беше Мекфејден.

На другата страна од теренот, Трајковски застана на осумте реализации, една повеќе од капитенот Стојановски.
„Соколите" знаеја што сакаат на овој меч, кој требаше да биде и Супер куп на Македонија за 2017 година. Но за жал, МКФ го утна и тој момент во нашата кошарка.
Пет минути по одморот, веќе имаа и предност од 17. поени (60:43), во неколку наврати беше намалена за два поени, за на истекот од третиот период, биде дури и „поднослива" за МЗТ Скопје, (59:70).


Втора најава дека шампионот е подготвен да се врати во игра. Им требаа нецели четири минути на „металците" да влезат во нова серија на поентирање, и да стигнат на минус од само шест поени (71:77).
Ја прекина Американецот Браун, со својот 15. поен од дербито во кое Карпош Соколи веќе имаше петмина играчи со двоен број на дадени поени.
Но заби новакот Минчев, за (73:79), и го натера Борче Даскаловски да „потроши" минута за одмор и советување како во оние 4:39 минути кои останаа да се доиграат.

Период, последен од дуелот во кој разликата беше „тука-некаде", од шест до осум поени во корист на екипата-гостин.
Барем така беше се до 1:08 минути пред крајот, кога Трајковски погоди тројка во свој стил, за (82:85). По нереализираниот обид на Мекфејден (за три), Трајковски имаше шанса за комплетно враќање. Но не го погоди новиот обид вреден три поени, па победата заслужено остана за Карпош Соколи.



 

Најново во Кошарка