АМЕРИКАНСКИ БЕК ЌЕ ГИ РАЗИГРУВА СТРУМИЧАНИ

Тајлер Дил – нов плеј на Струмица (ВИДЕО)

Струмичани се американизираат, повторно...

објавено: 3 септември 2017 - 11:45

По пауза од неколку години, на паркетот во салата „Парк" ќе се појават и некои американски кошаркари, барeм таква беше најавата од раководството на клубот.

А во обидот да бидат што е можно поконкуретни во Првата лига, стручниот штаб, предводен од новиот тренер Власис Влаикидис се одлучи да го ангажира Тајлер Дил.


Станува збор за релативно млад кошаркар, роден 1991 година кој со своите 185 сантиметри игра на првата плејмејкерска позиција.

Играњето за Струмица ќе биде неговото второ европско искуство, како што самиот кажува на својот профил на Фејсбук, затоа што во минатата сезона овој синокос кошаркар настапувал во Лигата на Косово, поточно играл за екипата на Раховеци.

Притоа на 12. меча во шампионатот, американскиот бек во просек реализирал по 11.3 поени, 3.6 асистенции и 2.3 скока за околу 27. минути поминати на теренот.
Има висок процент на реализација за три поени, од 42.9%. Слично шутирал и за два поени, а нема баш висока реализација од линијата за слободни фрлања, само (58.8%).

Најново во Кошарка