ШТО ЗА ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ДЕРБИТО ВЕЛИ СПОРТСКИОT ДИРЕКТОР

ТЕМЕЛКОВСКИ: Ова се некои чудни потези и одлуки

„Мислете на сите фанови и вистински љубители и не калкулирајте при обезбедувањето на услови, зошто добро е додека учиме на ситни грешки од технички причини, жално ќе биде ако научиме на туѓа мака или недај Боже туѓ живот при недоволна безбедност.
Време е за прогрес, време е за напредок, ако навистина ја сакаме кошарката, а не личниот интерес!!!" - порачува Владимир Темелковски.

објавено: 15 април 2018 - 20:25

Свој коментар во врска со одложувањето на дерби дуелот од 4. коло од Суперлигата, Работнички-МЗТ Скопје, даде и еден од раководниот тим на федерацијата, Владимир Темелковски,
На својот фејсбук профил, спортскиот директор на МКФ постави едне текст-размислување за тоа што следува понатаму во кошаркарскито спорт, и како да се надмине овој нималку посакуван момент

„Ова се некои чудни потези и одлуки...

Почнувам да се сомневам дека некој работи се повеќе од случајност. Цел месец се натегаме со еден клуб за промена на салата поради неадекватни услови на истата но поради недоволни правни причини немавме можност да спречиме да се игра во истата. Денес за жал тоа го осетија стотици фанови кој што полни со желба и елан дојдоа и недобија шанса да ја бодрат својата екипа.
Можеби и тоа е подобро отколку недај Боже да заврне па да прокисне салата па да се случи хаос при напуштање на истата. Фановите заслужуваат и сакаат подобро, играчите заслужуваат и сакаат подобро.
Парите не се изговор ниту смее да се пречка кога е во прашање безбедноста и сигурноста на посетителите.
Мое мислење е дека освен страв од промена кај мал број од луѓе во едниот клуб непостои никаква друга пречка за да може во 21 век да уживаме во една од врвните 2 сали како што му доликува на најголемото спортско македонско дерби.
Затоа мал апел до раководните лица и тренерите на тој клуб. Дозволете да се развива кошарката.
Мислете на сите фанови и вистински љубители и не калкулирајте при обезбедувањето на услови, зошто добро е додека учиме на ситни грешки од технички причини, жално ќе биде ако научиме на туѓа мака или недај Боже туѓ живот при недоволна безбедност.
Време е за прогрес, време е за напредок, ако навистина ја сакаме кошарката, а не личниот интерес!!!" - смета Темелковски.

Најново во Кошарка