КОШАРКАРСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

ТФТ ЗА ЦАЦИ: 50 денари, симболична цена која може да значи живот

Кошаркарите на второлигашките клубови ТФТ и Крива Паланка, ќе играат првенствен натпревар со хуманитарен карактер.

објавено: 16 ноември 2018 - 17:00

Натпреварот меѓу ТФТ и Крива Паланка закажан за в недела, 19 часот, во салата Градски парк во Скопје, од 6. коло во втората македонска кошаркарска лига ќе биде од хуманитарен карактер.

ТФТ како организатор на овој натпревар за влез ќе наплаќа билет од 50 денари, сретства кои ќе одат за помош на Цаци, девојка од скопската населба Тафталиџе на која и е дијагностициран тумор на мозокот. Исто така во салата ќе има и кутија за донации.

„Билет од 50 денари е симболична цена која може да значи живот", децидни се од клубот и ги повикуваат кошаркарските и спортските фанови да дојдат во недела, да ја помогнат хуманитарната акција.

 

Најново во Кошарка