ФЕНИКС 2010 ДОМИНАНТНО ДО ПЕХАРОТ ВО М-16 ЛИГАТА

Титулата си дојде дома...

Во големото финале, младите кошаркари на Феникс 2010 го победија Партизан Мулти Шпед , со повеќе од убедливи (90:63), со што ги обединија титулите во генерациите 2002 и 2003 во оваа натпреварувачка сезона.

објавено: 7 јуни 2018 - 20:00

Феникс 2010 е новиот македонски шампион во М-16 лигата.

Младите кошаркари во „бело-виолетова" комбинација издоминираа на завршниот турнир, посленде во оваа натпреварувачка сезона 2017/2018.

Колку беа доминатни избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ, говори и резултатот од финалниот натпревар во кој едноставно го прегазија составот на Партизан Мулти Шпед со (90:63).
Момците во „црно-бела" комбинација, кои ги предводи Тони Симиќ, беа рамноправни само во првиот период од играта во која Феникс 2010 имаше само поен предност (19:18).
Но „експлозијата се случи во втората четвртина во која Димитровски и Андоновски, со голема помош на „помладиот" Митревски, го поведоа својот тим кон убедливи (52:31), како што беше резултатот на големиот одмор.

Тука не застанаа, затоа што подолгиот играчки ростер им овозможи да го „мелат" својот противник, каде некако премногу осамени останаа одличниот Данаиловски (27.поени) и Симиќ (13.поени и 11.скока) да изградат уште поубедливи (76:46).
Онаа последната беше само рутинерско одработување на работните задачи, и потврда кој е кој во овие возрасни категории кога станува збор за играчи на возраст од 15 и од 16 години.
Домаќинот на турнирот, и веројатно најголемиот фаворит за златото, екипата на Вардар, мораше да се задоволи со третото место, откако во „малото финале" беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром (85:68).

ИАКО НАЈМЛАД - НАЈДОБАР
Андреј Митревски е МВП
Иако е една година помлад, тоа не му посмета на Андреј Митревски да дојде до најголемата индивидуална награда – најкорисен играч на завршниот турнир во М-16 лигата на Македонија.

Вредното момче одработи уште еден натпревар на високо ниво. Реализираше дабл-дабл од 23.поени, 10 скока, имаше и пет успешни додавања, доволно за малку да го надмине ефектот на на уште еден Андреј, Андоновски кој заврши со ефект од 23.поени, 8.асистенции и 7.скока, што со оној на Љубиша Димитровски од 19.поени, 9.асистенции и 4.скока, беше пресуден за конечниот епилог на ова финале кое беше „интересно" само во десетина минути од играта.

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М-16 (МАЖИ)
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 74:58
Вардар – Партизан Мулти Шпед 74:87
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 85:68
ФИНАЛЕ
Феникс 2010 – Партизан Мулти Шпед 90:63

Најново во Кошарка