Четири цели да се исполнат за силен МЗТ Скопје

Тодоров: Сакам да ги вратиме „Фемили“ најсилниот играч на МЗТ Скопје

Александар Тодоров повторно ќе го има кормилото на МЗТ Скопје во свои раце, а истакнува дека има четири цели кои треба да се исполнат за силен клуб. Една од нив е како што вели старо-новиот тренер на шампионот, на трибините да се врати најсилниот играч, симпатизерите и навивачката група „Фемили“

објавено: 16 јуни 2017 - 12:21

Александар Тодоров повторно ќе го има кормилото на МЗТ Скопје во свои раце, а истакнува дека има четири цели кои треба да се исполнат за силен клуб. Една од нив е како што вели старо-новиот тренер на шампионот, на требините да се врати најсилниот играч, симпатизерите и навивачката група „Фемили".

„Мислам дека е четвртто и мое последно враќање во МЗТ Скопје. Сакам да го искажам моето задоволство што повторно сум во мојот клуб. Ова е мое враќање дома. Можеби и едниственото место каде што сум работел и сум како дома. Пред нас и за нас е голем предизвик, МЗТ Скопје да ја одбрани шампионската титула. Овој пат поставуваме и различни цели. Ги имаме вкупно четири. Да составиме екипа од домашни играчи, да го вратиме најсилниот играч на МЗТ Скопје, навивачката група `Фемили` на трибините, да формираме екипа околу мене која ќе биде составена од кошаркари и функционери на МЗТ, и да ја реорганизираме младинската школа, од која првиот тим ќе може да црпи играчи од сопствената младинска школа. Ова се четирите цели на кои ќе инсистираме на оваа и во наредните неколку сезони“, вели Тодоров.

 

Најново во Кошарка