МЗТ ЗАПРЕН И ВО НАЦИОНАЛНИОТ ШАМПИОНАТ

ТОДОРОВ: Тие се ресурсите, тие се играчите...

Тренерот на МЗТ Скопје мораше да признае уште еден пораз, сега и во националниот шампионат.

објавено: 12 октомври 2017 - 20:05

По двата врзани порази во АБА лигата (од ФМП и од Задар), шампионот „падна" и во репризата на ланското финале на плеј-офот.

Во своевидниот дуел кој би требало да биде и Супер куп на Македонија, Карпош Соколи беше подобар од МЗТ Скопје, и тоа среде СЦ „Јане Сандански", со (85:83).

„Две дијаметрално различни полувремиња. Во првото примивме 50 поени, а во второто само 35, макар што и 35 не е достигнување со кое треба да се фалиме.

Она кај што знаевме дека ќе дојде главниот проблем, а тоа се шутевите од надвор на високи играчи го одигравме исклучително лошо. Што се однесува до последната ситуација, може да спориме дали беше шут за тројка или не... Но не смеевме да дозволиме да стигнеме до таму, туку требаше порано да го решиме мечот.
Тие се ресурсите, тоа се играчите... Буџетот е лимитиран и мора да ги бараме корекциите во нашите редови. Тоа се играчите, и мора да работиме да се подобри играта".

Најново во Кошарка