НОВИОТ ПРВОЛИГАШ СЕ ЗАСИЛИ И НА ЦЕНТАРСКАТА ПОЗИЦИ8ЈА

Тодоровиќ ќе го затвори рекетот на Гостивар (ВИДЕО)

Триесетгодишниот српски центар, висок 206 сантиметри, се обврза на едногодишна соработка.

објавено: 14 август 2017 - 11:07

Продолжува серијата на трансфери во екипата на Гостивар.

По неколкуте репрезентативни имиња кои ставија потпис на договорот со гостиварскиот прволигаш, на ред дојдоа и странските засилувања. 

Ново име, кое треба да биде вистинско засилуѕвање во центарската линија на тимот на тренерот Марјан Србиноски е Александар Тодоровиќ.

Станува збор за еден доста искусен, 30. годишен кошаркар, кој со своите 206. сантиметри треба да биде носителот на играта „внатре“ во рекетот, иако доста често, знае да „излезе“ надвор и да реализира шут за три поени. 

Во Гостивар доаѓа од екипата на Борац од Чачак, претходно играл и во екипата на Слога од Краљево, но и за бугарскиот Берое од Стара Загора. 

Најново во Кошарка