Легендарниот центар се врати во „Градски парк"

Тони Симиќ нов тренер во школата на Работнички

Најтрофејниот кошаркарски колектив продолжува со старата пракса, ангажирање на поранешни играчи во својката школа.

објавено: 5 септември 2016 - 10:24

Тони Симиќ и Работнички - приказна која никогаш не завршува. Легендарниот центар се враќа во „Градски парк", но овој пат како тренер во школата на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Симиќ по завршување на играчката кариера минатата сезона како член на второлигашот Гостивар, одлучи да остане во кошарката и своето искуство да го пренесе на најмладите.

Изборот на клубот воопшто не е за изненадување, ако се земе во предвид дека во својата 23-годишна карира, 12 сезони ги мина во дресот Работнички со кого освои многу пехари.

За потсетување, од минатата сезона главен координатор за младите категории во таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, е Тодор Гечевски.

Најново во Кошарка