Аеродромци прават тим за респект

Трајковски и Маслинко за посилен МЗТ Скопје

Управата на МЗТ Скопје Аеродром се договори со Бојан Трајковски и Андреј Маслинко, двајцата репрезентативци на Македонија во различни возрасни категории, да бидат членови на македонскиот шампион во наредниот период

објавено: 11 август 2017 - 12:14

Управата на МЗТ Скопје Аеродром се договори со Бојан Трајковски и Андреј Маслинко, двајцата репрезентативци на Македонија во различни возрасни категории, да бидат членови на македонскиот шампион. Секако позвучно име е сениорскиот репрезентативец Бојан Трајковски, кој ќе биде големо засилување под обрачите, но и младиот Андреј Маслинко, кој има само 20 години и со иста висина од 208 сантиметри ќе конкурира за позициите четири и пет во тимот на МЗТ Скопје.

Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово и за полскиот Чарни Слупск и Приштина.

Маслинко доаѓа од таборот на Работнички, а има играно и за италијанскиот младински тим Стела Азура.
Претходно, во таборот на шампионот пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ. Од минатата сезона, пак, под договорна обврска е уште и репрезентативците Марко Симоновски и Адем Мекиќ.

Најново во Кошарка