„ПОТПИС-СЕРИЈА“ НА СТРУМИЦА

Уште еден Американец во Струмица - Антонио Бишоп (ВИДЕО)

Силното крило потпиша едногодишен договор со струмичкиот прволигаш

објавено: 26 септември 2017 - 12:02

Раководството на Струмица одлучи дека на тимот му е потребен уште еден странски коаркар, и уште еден со потекло од САД.

Најново име во ростерот на тимот кој ќе го предводи Гркот Власис Влаикидис е Антонио Бишоп.
Станува збор за еден млад Американец кој со своите 206 сантиметри ја покрива позицијата на силно крило.

„Благословен сум што добивам шанса да заиграв во Европа, и тоа за екипата на Струмица. Благодарен сум на клубот што се одлучи за мене, и што ми ја даде оваа шанса. Следниот пат ќе ме видите во Струмица, Македонија "- напиша на својот фејсбук профил најновото играчко засилување за Струмица.

Најново во Кошарка