НЕМА КРАЈ НА „ЛУДИЛОТО" ВО М-12 ЛИГАТА

Уште една „грешка во чекори" на комесарот, службена елиминација на ФМП!

Дури на завршниот турнирот за М-12 лигата, комесарот за натпреваруавње констатирал (по забелешка на противничката екипа), дека екипата на ФМП нема играчки легитимации, по што беше приморан да ја исклучи од турнирот.

објавено: 12 јуни 2018 - 11:30

Се жалеа на тоа дека Партизан Мултишпед не сака да се појави на терен, и да го игра натпреварот од последното коло од оној регуларен дел на М-12 лигата.

На крајот, го добија тој меч со службен резултат, затоа што гостите не се појавија на „вториот повик" на комесарот за натпреварување, на теренот.
Но тука не е крајот на приказната на циркузијадата која се случува во М-12 лигата.
Во текот на вчерашниот ден, Владо Цветковски мораше да ја исклучи екипата која го доби тој меч со Партизан Мулти шпед со службен резултат.
Пред одигрување на четвртфиналниот дуел со екипата бна Водњански лисици, официјалните лица на натпреварот утврдидел дека младите кошаркари на ФМП немаат потребни играчки, а тренерот, тренерска лиценца.
Па согласно со правилникот за натпреварување, овој меч е регистриран со службена победа на екипата на Водњански лисици.

Ништо чудно ако не се земе в предвид една друга работа...
Зошто досега ниту еден од оние други официјални лица делегирани од страна на комесарот, не ја проверил „важноста" и легитимитетот, на една екипа, во овој случај, ФМП?
Зошто ФМП играл и досега без потребните документи за индентификација, а тренерот без тренерска легитимација?
Зошто комесарот за натпреварување го толерирал тој „недостаток", и дозволи(л) ФМП да стигне до овој финален турнир, и да се бори за шампионската титула, па пресекол, дури на нечија сугестија (на тренерот на противничката екипа).
Вака излегува дека ФМП самиот се „закопа" во сопствениот идентитет, бараа некоја „правдина" во случајот со Партизан Мулти шпед, а на крајот заработија исклучување од завршниот турнир во М-12 лигата на Македонија.
Ништо ново, вистински циркус, во режија на канцеларијата на младинските лиги на МКФ...
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка