НА МЕСТОТО НА ТОМЧО СОКОЛОВ

Уште едно пакетче во Гевгелија: Црногорецот Радуловиќ е нов играч на Кожув!

Црногорскиот интернационалец Александар Радуловиќ (31 год, 207 см.) е нов член на македонскиот кошаркарски прволигаш Кожув, објавија од тимот од Гевгелија на својата официјална фејсбук-страница.

објавено: 30 декември 2015 - 13:19

Станува збор за искусен крилен центар, кој треба да ја пополни празнината по заминувањето на Томчо Соколов, кој неодамна доби отказ. Во својата досегашна кариера најмногу има играно за Даниловград, а има играно уште и за Улцињ, Зрински Мостар (БиХ), Теодо Тиват, Темишвар (Романија) како и за Шопрон од Унгарија, каде што настапуваше на почетокот од оваа сезона.

Очекувањата се дека гевгеличани ќе ангажираат уште еден кошаркар, чие име ќе биде објавени во некој од следните денови.

Најново во Кошарка