ПЛЕЈ-АУТ

Вардарци најдоа мотив, го изненадија АВ Охрид за прв триумф

Вардар го забележа првиот триумф во Плеј-аут лигата и воопшто во првенството, откако на гостувањето кај АВ Охрид славеше со (77:65)..

објавено: 25 март 2017 - 20:46

Екипата на Вардар го забележа првиот триумф во Плеј-аут лигата, и воопшто во Првата лига, откако на гостувањето кај фаворитот АВ Охрид славеше со 77:65 (11-23, 20-14, 18-27, 16-13).

И покрај тоа што избраниците на Ѓорѓи Кочов во следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига, сепак влегоа мотивирано во мечот. По првата четвртина имаа двоцифрено водство од 11-23, а по 31-37 на полувремето, победата ја заверија во третиот период.

Скопскиот тим во овој дел успеа да ја врати двоцифрената позитива и до крај да слави со 77-65.

Лефкоски со 14 поени беше прво име кај младиот тим на Вардар, додека во редовите на АВ Охрид, се одвои Девин Брукс кој имаше 23 поени.

Третото коло во Плеј-аут лигата ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Струмица и Пелистер.

 

Најново во Кошарка