„ФАЈНАЛ-ФОР“ ЗА ДЕЦА ДО 12 ГОДИНИ

Вардарци шампиони во М12 лигата

објавено: 14 јуни 2018 - 16:15

Екипата на Вардар 2, го освои шампионскиот пехар во конкуренција на деца до 12 години, откако во финалето во М-12 лигата, го совлада ланскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со 51:48.

Домашните (финалето се играше во салата на КК Вардар) тесно ги надиграа „штркчињата" и дојдоа до трофејот.

Претходно во полуфиналето, Вардар 2 го победи Вардар 1, и покажаа дека не мора ништо да значи кој тим се води како прв, а кој како втор.

Во редовите на „црвено-црните", секако се горди на оствареното, бидејќи во самата завршница имаа две свои екипи.

Првиот тим на Вардар го освои четвртото место, откако во битка за „бронзата", загуби минимално од Водњански лисици со 48:49.

Најново во Кошарка