ИАКО СЕ СЕЛАТ ВО ВТОРА ЛИГА, НЕ СЕ ПРЕДАВААТ ДО КРАЈ

Вечер на дабл-дабл ефекти: Струмица ја доби драмата со Шкупи

Струмица не се откажува и покрај тоа што веќе е сигурен патник во Втората лига.

објавено: 25 април 2018 - 21:15

Струмица не се откажува и покрај тоа што веќе е сигурен патник во Втората лига. Ова најдобро го покажа на дуелот против Шкупи кого го совлада на домашен терен со 83-80 (27-14, 17-21, 23-25, 16-20) во рамките на седмото коло во плеј-аут лигата. Ова беше вечер на добри дабл-дабл ефекти на двете страни. 

Одличната игра во првата четвртина беше клучна за триумфот на струмичани, ја добија со 27-14, а потоа на крајот Марковиќ со три поени донесе радост. Токму тој беше најефикасен со 17 поени и 14 скока, на другата страна дабл-даблот од 25 поени и 18 скока не беше доволен за победа.

По седмото коло во плеј-аут лигата нема промени на табелата, Фени е лидер, зад него се кожув, Пелистер, по што следуваат Шкупи со 37 бода, Карпош Соколи со 35 и Струмица со 33.

Најново во Кошарка