ПРОМЕНА НА ТЕРМИНИТЕ ЗА 6. ПРВОЛИГАШКО КОЛО

Вечното дерби дури во понеделник!

Големата сала во СЦ „Јане Сандански" овој викенд е зафатена поради ракометниот спектакл, дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Барселона

објавено: 8 ноември 2018 - 11:15

Звучи помалку неверојатно, но ќе биде вистинито.

Најголeмиот кошаркарски настан во Скопје, дуелот во кој се среќаваат вечните ривали, МЗТ Скопје и Работнички ќе биде одигран во еден невообичаен термин.
Односно на 12. ноември, понеделник, со почеток од 20.15 часот.

Ова поместување е направено да се „побегне" од главниот настан за време на овој викенд во Скопје. Супер ракометниот спектакл, во недела од 17. часот во СЦ„Јане Сандански" во кој се среќаваат Вардар и Барселона.
Со оглед на тоа дека ден порано треба да биде поставен и оној специјален -г-флор"-под, јасно е дека поместувањето на кошаркарско дерби е неизбежно.
Официјални лица на овој дерби дуел на 6. коло ќе бидат Александар Милојевиќ, Сашо Терзиевски и Томи Панов во улога на судии, односно Ѓорѓи Пиперков како делегат.

Најново во Кошарка