ПОРАДИ ПРЕСТРОГИТЕ НОРМИ НА КОМЕСАРОТ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Вечното дерби (не) се игра во „Градски парк“?

Изразена е и забрана за играње на натпревари во салата „Градски Парк" до отстранување на недостатоците, со рок од 48 часа пред следниот натпревар како домаќини во Суперлигата, се жалат од КК Работнички.

објавено: 20 април 2017 - 20:52

Постои голема, сериозна можност големото дерби на македонската кошарка во кое во сабота навечер треба да се сретнат Работнички и МЗТ Скопје, да не биде одиграно. Барем не во таа спортска сала во Скопје,

А причината, како што наведуваат од клубот-домаќин, се престрогите барања кои пред организаторот ги поставил Комесарот за натпреварување во МКФ, Владо Цветковски.

„Дописот содржи апсурдни барања за безбедно и непречено одвивање на натпреварот во салата „Градски Парк“ и сметаме дека се премногу строги со оглед на тоа дека не се бараат од останатите клубови“- велат од таборот на Работнички. кои во исто време и ги презентираат барањата, 
- Трибината за домашни навивачи да биде празна
- Просторот над гостинската екипа да биде празен
- Главната трибина спроти записничката маса да има доволен број на редари, односно првиот ред од публиката ќе биде пополнет со редарска служба, за да се заштитат играчите на теренот од плукање и фрлање на предмети.
- Исто така изразена е и забрана за играње на натпревари во салата „Градски Парк“ до одстранување на недостатоците, со рок за нивно одстранување од 48 часа пред следниот натпревар како домаќини во Суперлигата.

Затоа, се наведува во дописот, КК Работничи изразува длабоко несогласување кон овие правила кои се многу строги и радикални, особено ако се земе в предвид дека истие не важат за  другите клубови. 

И дека за таа цел најтрофејниот клуб во нашата земја е подготвен да понуди предлог како овие проблеми да се отстранат, и како да се одвива натпреварот во салата во „Градски Парк“ непречено, бидејќи, како што велат, кошарката се игра за публиката и нејзините фанови.

Ја нудат следнава солуција: 

- Трибината спроти играчите (А Трибина) да биде со 20 редари кои ќе бидат во првиот ред

- На навивачката трибина присутните да бидат еден ред погоре и притоа ќе има доволно редари кои ќе одржуваат максимална безбедност
- трибината над играчите (Б Трибина) да биде до пола затворена, до вториот столб.

Се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени и дека вечното дерби ќе помине во максимална спортска и фер атмосфера

Најново во Кошарка