ПО ШЕСТТЕ ПОРАЗИ ВО НИЗА ВО ПРВАТА ЛИГА

Власис Влаикидис поднесе оставка, Струмица останува без тренер

Власис Влаикидис повеќе не е тренер на струмичкиот прволигаш. По серијата од шест порази во низа во исто толку одиграни натпревари, Гркот одлучи да си поднесе оставка. 

објавено: 14 ноември 2017 - 11:45

Власис Влаикидис повеќе не е тренер на струмичкиот прволигаш. По серијата од шест порази во низа во исто толку одиграни натпревари, Гркот одлучи да си поднесе оставка.

„Како прв тренер на Струмица, по лошите резултати оваа сезона, чувствувам морална одговорност да поднесам оставка. Сакам да им се заблагодарам на играчите и моите соработници за изминатиот период. Посебено сакам да и им се заблагодарам на управата на клубот за максимамалното ангажирање во оваа екипа. Дадов се од себе за да го извлечам максимумот од моите играчи. Во изминатиот период работев на начин на најдобар можен начин. Но за добри резултати потребни се повеќе средства и луѓе кои ќе дадат допринос и помош на управата во обидот за враќање на кошарката во вистински правец, таму каде што бевме пред 10 госдини. Струмица ја доживувам како мој град и никогаш нема да престанам да го сакам ова место и овие луѓе“, ни изјави Власис Влаикидис.

Засега нема информации кои ќе го води тимот во следното коло, во кое Струмица игра против Пелистер. 

Најново во Кошарка