ПРОМЕНАТА НА МЕСТОТО НЕ ГИ СМЕНИ НАВИКИТЕ

Во „Градски парк" или Гостивар, сеедно... Работнички уште еднаш го тресна шампионот!

Феноменално одиграната последна четвртина (33:10) ги донесе „црвено-белите" до голем триумф (92:74) со кој го потврдија првото место на табелата, а го турнаа својот вечен ривал кон местото број 3 кое не дава предност на играње на домашен терен во плеј-офот...

објавено: 16 април 2018 - 20:54

трет првенствен натпревар и трета победа. Затоа и Работнички е лидер на Суперлигата, а екипата која го брани тронот е трета, и скоро сигурно ќе остане на тоа место.

Ниту промената на играње на големото дерби, не донесе и „промена" во навиките. Својот победнишки менталитет креиран во текто на шампионатот, кошаркарите од „Градски парк" го презентираа и во Гостивар...
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ 92:74 (23-22; 21-23; 15-19; 33-10)
Не е „Градски парк", не е ниту друг спортски објект во главниот град, туку за прв пат во историјата, еден прволигашки меч помеѓу вечните ривали во македонската кошарка се одигра во Гостивар, поточно во салата „Младост".
Да биде уште полошо, без присуство на публика, на навивачите на двете најтрофејни екипи кај нас, без вистински „мерак" за играње кошарка.
Но и во такви „услови" мораше да се игра мечот од 4. коло од Суперлигата.
По израмнетата прва четвртина (23:22 за домашната екипа) во која некако и двата ривали повеќе веруваа во шутот од далечина откако да форсираат некоја „нормална кошарка" со топки „внатре" во рекетот, во онаа втората, предноста ја држеше бранителот на трофејот.

Иако не висока, би се рекло некоја постојана, најголемата од пет поени (36:31), потоа и (39:34). Но не за долго, затоа што "црвено-белите", по тројката на Чековски, по 17.минути игра, се доближија на „пола кош" негатива (40:41).
Интересно, дури седум кошаркари на Работнички успеаја во обидот да постигнат тројка, што е навистина реткост во нашиот шампионат. Не погодија само Робинсон и Еванс од тие што влегоа на теренот.
На другата страна пак нешто сосема поинаку. Сите пет тројки за МЗТ Скопје беа дело на Симоновски.
Серијата од (7-1) и промената на водството на страна домашната екипа, (44:42), го натера тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов да потроши два тајм-аути за неполни две минути.
Доволно со поените на Спасојевиќ и Трајковски да донесат „минималец" за МЗТ (45:44).
Добра вест за Работнички беше што сите девет кошаркари кои Докузовски ги испрати на теренот поентираа.
На другата страна, Симоновски се одвои со 15, а одлично го следеше Бојиќ – стрелец на 10 поени во првите 20.минути од играта.


Третиот период од играта во дербито беше „празен" како и салата каде се играше. Двата големи ривали едвај стигнуваа да поентираат. Најчќесто, се разбира Симоновски, со ударите вредни по три поени. Една стигна од Трајковски, за (57:53) во корист на „металците" по нецели 27. поминати минути од дербито, многу поважно за шампионот, кој ја брка позицијата број 2 пред плеј-офот. Крилото погоди уште една за највисоки (64:57), кои со два „пенали" ги намали николовски, за (59:64) по три периоди од дербито број 140.

Спасојевиќ беше реализатор на десетата тројка за МЗТ Скопје, за водство од осум поени (67:59).
Но крајот беше далеку, дојде редот и на Работнички да покаже дека знае да дава поени во серија. По тројката на Чековски, серијата (12-2), нов резултатски пресврт, и водство за предизвикувачот (71:69).
И секако, тајм аут на младиот тренер на „металците"на пет и пол минути пред крајот на дуелот во Гостивар.
Симоновски ја прекина, и тоа на ист начин како и во некои други обиди, со тројка (72:73). Врати веднаш – исто Костов, погоди и Караџовски, за (78:72), дотогаш највисока разлика во корист на Работнички.
Некогашниот „металец", а до вчера „кумановец" погоди уште еднаш за плус 8 (82:74) на 2:28 минути до финалниот момент на мечот.
Во нив целосен распад-систем кај првакот, и во вистинска смисла на зборот...

 

Најново во Кошарка