МКФ ПОТВРДИ

Во Кавадарци ќе се крене првиот трофеј годинава

Салата „Јасмин“ ќе биде домаќин на Купот на Македонија во кошарка

објавено: 1 февруари 2017 - 14:15

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) потврди дека фирмата Лимак Холдинг се одлучи во Кавадарци да ја направи организацијата на Купот. Салата „Јасмин“ ќе биде местото каде од 17 до 19 февруари ќе се води битката за првиот трофеј годинава. 

Во машка конкуренција, за трофејот ќе се борат осум екипи, додека кај жените ќе учествуваат најдобрите четири клуба, по првиот дел од сезоната. Четвртфиналните мечеви кај мажите ќе се играат во еден ден.

Екипите на МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Работнички и Фени Индустри ќе бидат во барабанот како привилигирани. Победниците одат во полуфиналето, а финалето е закажано за 19 овој месец.

Најново во Кошарка