НЕШТО КАКО НАЈАВА ЗА “ФАЈНАЛ-ЕЈТ“ ТУРНИРОТ

Во кавадаречки „Јасмин" никој не освоил два Купа

Досега во салата „Јасмин" во Кавадарци, завршницата на Купот се играла четири пати, и секогаш победувал различен клуб... Во „градот на виното“ во финалето никогаш не се сретнале две екипи од Скопје, можеби оваа 2018 ќе биде поразлична па до финалниот меч ќе дотуркаат вечните ривали, МЗТ Скопје и Работнички?

објавено: 15 февруари 2018 - 19:05

Досега во салата „Јасмин" во Кавадарци, завршницата на Купот се играла четири пати, и секогаш победувал различен клуб. Оваа традиција е лош предзнак за Работнички, МЗТ Скопје, Фени индустри и Карпош соколи кои го креваа победничкиот пехар кога финалето на Купот се играше во Кавадарци.

Дали традицијата ќе продолжи и Купот ќе добие нов сопственик, или некој од овие четири клуба ќе успее по вторпат да слави во Кавадарци, ќе се знае в недела вечер.
Друга традиција во Кавадарци е дека никогаш немало скопско финале. Досега секогаш во финалињата во „Јасмин" се среќавале скопска против екипа од внатрешноста.

Со оглед на распоредот на силите, годинава единствено можно скопско финале би било Работнички – МЗТ Скопје, но Блокотехна, Куманово, Гостивар, па и АВ Охрид и Фени, ќе се обидат да спречат такво нешто.

Најново во Кошарка