Промена во стручниот штаб на Кожув

Врбица Стефанов си поднесе оставка

По серијата лоши резултати, Врбица Стефанов одлучи да поднесе оставка. На денешниот дуел против Куманово, гевгеличани ќе ги предводи неговиот помошник, Игор Михајловски. 

објавено: 26 ноември 2016 - 15:50

Врбица Стефанов повеќе не е тренер на Кожув. По серијата лоши резултати во БИБЛ-лигата и поразот на стартот на Првата лига, легендата на македонската кошарка поднесе оставка. 

Гевгеличани на денешниот натпревар против Куманово во рамките на 2. коло, ќе ги предводи Игор Михајловски, кој според неофицијални извори и во следниот период ќе ја добие довербата од челниците на клубот и ќе биде прв тренер на Кожув.

Стефанов одлучи да застане на „кормилото“ на Кожув и покрај тоа што тимот имаше многу помал буџет од претходните години. Ваквата ситуација се одрази врз резултатите во БИБЛ-лигата каде забележа една победа и четири порази, додека на стартот на првенството на домашен терен беше поразен од Фени Индустри.

Најново во Кошарка